Water flow

За Друштвото за Хидрологија на Македонија

Друштвото за хидрологија на Македонија е стручно-научна, доброволнa и непрофитна асоцијација на инженери од областа на хидрологијата. Основано е во 2004 година, со цел да ги обедини, промовира и потикне на соработка поединците и институциите кои делуваат во областа на Хидрологијата.

Наша цел

Да го следиме современиот развој на практиките и науката во областа на хидрологијата, навремено да информираме за нив и да обезбедиме можности за нивна имплементација во Република Македонија.

Работиме на следниве задачи:

  • Да координираме, поттикнуваме и стимулираме размена на стручни, инженерски, техничко-технолошки и научно-истражувачки информации и знаења во областа на хидрологијата
  • Да иницираме, поттикнуваме и промовираме истражувања во областа на хидрологијата
  • Да соработуваме со надлежните институции во имплементацијата на резултатите добиени од истражувањата во областа на хидрологијата

Нашите предизвици

Нашите главни предизвици се:

  • Соработка со релевантни меѓународни и домашни организации
  • Организирање стручни обуки, семинари, симпозиуми итн.
  • Организирање и објавување научни и стручни публикации од областа на хидрологијата
  • Развивање на свеста во рамките на професионалната заедница за важноста на хидролошките истражувања
  • Иновација на наставните програми од областа на хидрологијата во согласност со современите трендови
  • Прилагодување на законската рамка во областа на водните ресурси

Управен одбор

Проф. Д-р Виолета Ѓешовска
Претседател на ДХМ

Проф. Д-р Виолета Ѓешовска

Градежен факултет
ЦП
Почесен Претседател на ДХМ

Проф. Д-р Цветанка Поповска

Градежен факултет
АП
Потпретседател на ДХМ

м-р Ангелчо Панов

Градежен факултет
БИ
Секретар на ДХМ

м-р Бојан Илиоски

Градежен факултет
НК
Благајник на ДХМ

м-р Никола Крстовски

Градежен факултет

Организација и Органи на ДХМ

Собрание

Собранието е највисоко тело на здружението, кое го сочинуваат сите членови на здружението

Извршен одбор

Проф. д-р Виолета Гешовска
Проф. д-р Стевчо Митовски
Проф. д-р Гоце Тасески
Проф. д-р Иван Радевски
Проф. д-р Иван Минчев
М-р Ангелчо Панов
Доц. д-р Сеад Абази
Д-р Златко Илијовски
Д-р Димитрија Сековски
М-р Бојан Илиоски
М-р Никола Крстовски

Надзорен одбор

Непосредна и ефикасна контрола врз работењето на здружението, заштита на имотот и другите права и обврски на здружението

Проф. д-р Петко Пеливаноски
М-р Владимир Ставриќ
Д-р Иванчо Ќаевски

Нашите партнери

Соработка со водечки организации регионално и глобално

🌐
UNESCO
🌍
WMO
🎓
UKIM
💧
UNDP
🔬
IAHS
🇪🇺
EU Water